Пронајдете ја вашата совршена дестинација

На 10 годишнината од своето работење Намико ја проширува својата дејност со уште една несекојдневна и интересна активност НАМИКО – ЧАРТЕР авантура полна со адреналин и чувство на задоволство.

Со флота од над 1.000 бродови - едрилици, катамарани и моторни бродови, Намико Чартер Ви овозможува најдобар избор на бродови согласно Вашите желби и потреби.

На располагање Ви безброј дестинации, во прекрасни нови и модерни марини.

Покрај тоа, можеме да Ви го направиме комплетното планирање на рутата, приспособено за Вашите желби и планови, со детални дневни дестинации, ресторани и најубави плажи.

За првпат во Македонија Намико нуди комплетна организација на Тим Билдинг на море.
Едрењето по дефиниција е најдобар Тим Билдинг – заеднички престој во ограничен простор на бродот, координирани активности и целодневни заеднички комуникации со целиот тим – екипаж.