Почуствувајте ја ефективноста!

Придобивање и задржување на вниманието на еден собир е единствен фактор за успешно пренесување на вашата порака. Живееме во време каде луѓето се константно “бомбардирани” од еднонасочни пораки од кои единствен начин да се заштитат е комплетно да ги игнорираат.

Претворајќи ги слушателите во активни учесници, тие не само што ќе се активираат на вашето предавање туку и ќе се почуствуваат како дел од него, со што вам ви останува само да се фокусирате на она што сакате тие да го понесат со нив.

И покрај неговите можности е мобилен и сосема едноставен за користење, составен од безжични гласачки тастатури со 15 копчиња и осветлен лед дисплеј.

Базната станица е мала, лесна и пренослива, може да прими одговор од 250 уреди, работи во опсег од 150 метри а со компјутер се поврзува преку USB конектор и може да се користи на било која локација.

Подготовката на интерактивна презентација не се разликува од едноставна подготовка на Power-Point презентација, поради тоа што системот е комплетно интегриран со Power-Point.

  • До 70% зголемена продуктивност на состаноците
  • Фокус на групата кон идеите и ставовите кои се важни
  • 88% Поголемо помнење и 50% поголемо внимание на предавањата
  • Брзо утврдување дали учесниците ги подржуваат клучните идеји и ставови
  • Можност за анонимно одговарање резултирајќи со искрено и реално учество.

  • Акционерски собранија
  • Конференции
  • Лансирање на продукти
  • КМЕ – Континуирана Медицинска Едукација
  • Натпреварувачки квизови