Планираме! – Реализираме! – Резимираме!

Намико ги планира, координира, спроведува и ревидира сите организациски и логистички детали а со тоа ги превзема сите Ваши грижи, ќе бидеме единствен контакт за Вас прилагодувајќи се кон Вашето посакуваното ниво на учество во целиот процес.

Располагаме со разгранета мрежа на партнери од најразлични области преку кои Ви обезбедуваме највисоко ниво на услуги и го правиме Вашиот настан посебен и единствен. За Вас ги договараме по најповолни услови најдобрите сали, хотели, превоз, кетеринг, забавувачи, преведувачи, техичка опрема и сите останати безброј елементи потребни за составување успешен настан.

Квалитетот на нашите услуги не зависи од износот на вашиот буџет, за нас секој настан е проект кој е одраз на нашата професионалност и креативност. Ги превземаме сите грижи околу вашиот настан оставајќи на Вас, слободно да си го организирате вашето време.

Oд Вас ќе ни биде потребен датумот и целта на настанот, бројот на гости и буџетот со кој располагате, a од тука ние го планираме, координираме и имплементираме Вашиот настан.